Избрани се 13 проекти

Климатската акција започнува со твојата идеја.

Општина Свети Николе додели грантови од 1.000 до 5.000 долари за климатски проекти предводени од млади на возраст од 15 до 24 години. Повикот е затворен, а избраните тимови ги спроведуваат своите идеи до 15 април 2027.

$1.000–5.000
по проект
13
избрани проекти добиваат грант
15–24 години
возраст на младинскиот тим
Имаш од 15 до 24 години?

Ти ја водиш идејата

Проектот е твој: ти го смислуваш, го собираш тимот и ја спроведуваш акцијата. Потребна ти е уште една млада личност и организација-партнер.

Претставувате организација, училиште или институција?

Вие аплицирате во име на младите

Вие го поднесувате формуларот, го примате грантот и ја покривате администрацијата. Идејата, водството и одлуките остануваат кај младинскиот тим.

Избрани се 13 младински проекти

Проектите се спроведуваат до 15 април 2027.

„Од покрив до градина – дождовница за зелен училишен двор“

СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе

Млади од гимназијата планираат, следат и користат систем за собирање дождовница од покривот на училиштето, со која ќе наводнуваат нова градина отпорна на суша.

  • Вода и суша
  • Зеленило и природа

„Капка по капка – младинска климатска градина“

ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Свети Николе

Ученици уредуваат климатска градина со растенија отпорни на суша и капково наводнување и водат работилници за штедење вода.

  • Вода и суша

МИСИЈА 2050: Отклучи ја иднината! – Младинска интерактивна климатска Escape Room лабораторија

Здружение за креативен развој „ТЕТКА КАТЕ“, Свети Николе

Интерактивна Escape Room игра во која учесниците патуваат во 2050 година и ги решаваат климатските ризици: сушата, топлотните бранови и непогодите. Младите ја осмислуваат и ја водат играта.

  • Вода и суша
  • Заштита на граѓаните

Соларно осветлување на гимназискиот двор на СОУ „Кочо Рацин“

Училишен спортски клуб „Овчеполски асови“, Свети Николе

Млади водат работилници за сончевата енергија, а соларните рефлектори во дворот на гимназијата им се жива демонстрација на нејзините придобивки.

  • Енергија и сонце

Еко-Сцена: Рециклирај за билет – делувај за заедницата!

Здружение за креативен развој „ТЕТКА КАТЕ“, Свети Николе

Театарска претстава и работилници за разделување и повторна употреба на отпад: две бесплатни претстави, четири работилници и акцијата „Рециклирај за билет“.

  • Отпад и рециклирање

„Од отпад до ресурс“ – училишна мини-компостара

ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Свети Николе

Ученици поставуваат училишна мини-компостара, го одвојуваат органскиот отпад, а компостот го користат за училишната градина.

  • Отпад и рециклирање

Чиста природа и обновени опожарени површини со младинска акција

Доброволно противпожарно друштво Свети Николе

Млади чистат две излетнички места и засадуваат 500 донирани садници на опожарена површина.

  • Отпад и рециклирање
  • Зеленило и природа

Младински урбани еко-оази во Свети Николе

Извиднички одред „Гоце Делчев“, Свети Николе

Млади ги означуваат на мапа запуштените јавни површини, засадуваат дрвја отпорни на суша и ги уредуваат местата за контејнери во центарот на градот.

  • Зеленило и природа
  • Отпад и рециклирање

Зелен појас – „младите ја обновуваат природата“

Извиднички одред „Гоце Делчев“, Свети Николе

Млад тим засадува 1.000 автохтони садници на три опожарени и деградирани места и следи колку од нив ќе се примат.

  • Зеленило и природа

„Зелен Еко-Стадион: Младинска еколошка трансформација за климатски отпорно Свети Николе“

Здружение на спортисти ЗС ФК Овче Поле, Свети Николе

Млад ЕКО-ТЕРА тим ја собира покосената трева од градскиот стадион и ја претвора во мулч и компост, а околу трибините засадува 55 садници за сенка.

  • Зеленило и природа
  • Мобилност и јавни простори

GREEN FITNESS – „Вежбај за себе, грижи се за планетата“

Здружение за спорт и спортска рекреација – БОРАЛЕ, Свети Николе

Бесплатни тренинзи на отворено, споени со климатска акција: засадување 40 садници и собирање отпад во спортско-рекреативната зона во Свети Николе.

  • Зеленило и природа
  • Мобилност и јавни простори

„Од запуштен простор до Зелена Оаза“*

Здружение на спортисти ЗС ФК Овче Поле, Свети Николе

Млади ја претвораат запуштената зелена површина покрај градскиот стадион во „Зелена Оаза“: отстрануваат дивата вегетација и засадуваат 70 дрвја отпорни на суша, со мулч и камења што ја задржуваат влагата.

  • Зеленило и природа
  • Вода и суша

„Еко-уметнички станици за селекција на отпад“*

Градско Мандолинско Друштво „Свети Никола“, Свети Николе

Две станици за селекција на отпад на често посетени места, со ѕидови украсени со еко-мурали од над 10.000 рециклирани капачиња, три јавни работилници и едукативна веб-страница со QR код.

  • Отпад и рециклирање
  • Зеленило и природа

* Проектите 12 и 13 добиваат дополнителна финансиска поддршка од Буџетот на Општина Свети Николе за 2027 година – Програма за млади (В4), според утврдениот редослед на рангирање во рамки на Фондот за климатски активности на младите.

Регионот веќе ја чувствува промената

Високите температури, сушите, пожарите и поплавите веќе го менуваат животот во Овчеполието. Овде придонесува твојот проект.

+3,4°Cочекувано затоплување до 2100

Високи температури

Деценијата 2011–2020 е најтоплата досега. Само во 2012 имаше 10 топлотни бранови, вкупно 79 дена.

200+пожари во 2024 година

Пожари

Пожарите во 2024 зафатија повеќе од 160 хектари низ регионот.

468 ммврнежи годишно, сè помалку

Суша

Сушите се почести, а водата е сè поскапоцена — за домаќинствата, училиштата и целата заедница.

159погодени домаќинства

Поплави

Поплавите во 2010, 2013 и 2015 направија штета од околу 40 милиони денари.

Визијата на Свети Николе за 2035
„До 2035, Свети Николе ќе биде чист, зелен и безбеден град — каде младите одлучуваат да останат, да придонесуваат и да ја градат иднината на својата заедница."
2035
целна година

Избери една од шесте теми

Проектот треба да се вклопи во една од областите од локалната стратегија. Подолу ќе најдеш предлози за идеи — само за инспирација, не како ограничување.

Темите означени со ѕвезда се приоритетни.

Секој проект мора да:

се вклопува во една од шесте теми
го водат најмалку двајца млади (15–24)
има мерлива промена во заедницата
се спроведува преку партнер-организација

Вода и суша

Приоритетна тема

Свест и кампањи за штедење вода и справување со сушата.

  • Кампања за штедење вода на социјалните мрежи
  • Работилници за штедење вода во училиштата
  • Демо-градина отпорна на суша во училишниот двор

Енергија и сонце

Приоритетна тема

Заштеда на енергија и искористување на сонцето — регионот има над 2.300 сончеви часови годишно.

  • Кампања за енергетска ефикасност во училиштата
  • Видео за придобивките од соларната енергија
  • Истражување на соларниот потенцијал на регионот

Отпад и рециклирање

Приоритетна тема

Селекција на отпад, чистење диви депонии и градење навики што остануваат и по проектот.

  • Чистење дива депонија и мерење колку отпад е собрано
  • Кампања за поттикнување селекција на отпад
  • Работилници за домашно компостирање

Зеленило и природа

Садење дрвја, зазеленување и заштита на биодиверзитетот.

  • Садење автохтони дрвја во заедницата
  • Заедничка градина уредена од волонтери
  • Акција „Мое дрво": секое семејство сади по едно

Заштита на граѓаните

Подготовка на заедницата за високи температури, пожари и поплави.

  • Поддршка на постари лица за справување со високи температури
  • Кампања за превенција од пожари во селата
  • Мапирање на климатските ризици во заедницата

Мобилност и јавни простори

Пешачење, велосипедизам и позелени, поладни јавни простории.

  • „Ден без автомобили" или велосипедска акција
  • Озеленување и уредување јавни површини
  • Промоција на пешачки и велосипедски патеки
Добредојдена е и твојата идеја — не мора да биде ограничена на примерите наведени погоре, сè додека се вклопува во една од темите. Темите се засновани на Стратегијата за отпорност кон климатските промени на Општина Свети Николе.

Од идеја до грант во четири чекори

Рокот за апликации беше 15 октомври 2026. Избраните проекти се погоре.

Формуларот го поднесува организација, но идејата и водството се на младите. Еве ги чекорите што ги следеа апликантите:

1

Собери тим

Најди барем уште еден млад човек (15–24) што ја дели твојата идеја. Заедно го водите проектот од почеток до крај.

2

Најди партнер-организација

Ти треба регистрирана организација (НВО, училиште, младински клуб или институција) која ќе аплицира и ќе го прими грантот во твое име. Ти водиш, таа ја покрива администрацијата. Дури и твоето училиште може да биде партнер.

3

Разработи ја идејата

Одговори на две прашања со бројки: што ќе направиш (на пр. „5 акции за чистење") и што ќе се промени (на пр. „500 килограми собран отпад"). На 21 септември и 5 октомври има работилници што ќе ти помогнат токму со ова — пријави се преку формуларот за работилници подолу.

4

Поднеси апликација

Пополни го формуларот и испрати го по е-пошта во периодот од 3 септември до 15 октомври 2026, најдоцна до 18:00. Независна комисија ги оценува сите предлози.

Грантот во бројки

$1.000 – $5.000
по проект
Број на избрани проекти13
Вкупен фонд за регионот$41.500
Опрема и инфраструктурадо 50%

Кој може да биде партнер-организација?

Младински клубови и студентски организации
НВО и здруженија што работат со млади
Училишта, универзитети и културни институции
Јавни институции и општински организации

1. Приватни компании, поединци и политички партии не можат да аплицираат.

2. Организацијата мора да е правно регистрирана и да има банкарска сметка на свое име.

Кој може да аплицира?

Провери дали твојот тим и проект ги исполнуваат условите — и за што смее да се користи грантот.

Услови за проектот

  • Тим од најмалку двајца млади (15–24), аплицира преку партнер-организација
  • Буџет $1.000–$5.000, опрема и инфраструктура до 50%
  • Мерлив резултат, со броеви
  • Завршува најдоцна до 15 април 2027
  • Компании, поединци и политички организации не можат да аплицираат

За што смее да се троши грантот?

Дозволено
  • Материјали и алатки
  • Настани, простор, печатење
  • Локален превоз на тимот
  • Промоција, фото, видео
  • Обуки и менторство
  • Опрема (до 50%)
Не е дозволено
  • Хонорари за говорници
  • Исплати на поединци
  • Политички активности
  • Трошоци надвор од проектот

Сите важни датуми

Од отворањето на повикот до завршниот настан на Денот на Земјата.

3 септември 2026

Се отвора повикот

Од овој ден формуларот и повикот се достапни за преземање.

10 септември 2026 · 12:00 ч.

Инфо-сесија за повикот

Сесија со општината за самиот повик — услови, критериуми и одговори на прашања. Општинска сала, 12:00 ч. Пријавување преку формуларот за работилници.

21 септември 2026 · 12:00 ч.

Работилница 1: Генерирање и разработка на идеи

Работилница за генерирање и разработка идеи за твојот климатски проект. Општинска сала, 12:00 ч. Пријавување преку формуларот за работилници.

5 октомври 2026

Работилница 2: Разработка на апликацијата

Практична сесија за пишување на целосната апликација, за тимови кои сакаат поддршка пред крајниот рок. Пријавување преку формуларот за работилници.

15 октомври 2026 · до 18:00

Краен рок за апликации

Последен ден за поднесување, до 18:00. Задоцнетите апликации не се разгледуваат.

20 октомври – ноември 2026

Избор на проекти и прием кај градоначалникот

Независна комисија ги оцени предлозите по јасни критериуми, а избраните тимови ги претставуваат своите проекти пред градоначалникот.

до 13 ноември 2026

Исплата и почеток на проектите

Средствата стигнуваат кај партнер-организациите и работата почнува.

15 април 2027

Крај на проектите

Сите активности се завршени и извештаите се поднесени.

22 април 2027 · Ден на Земјата

Завршен настан

Ги прославуваме резултатите заедно со заедницата, медиумите и градоначалникот.

Често поставувани прашања

Најчестите прашања за повикот, тимот и грантот — на едно место.

Кој може да аплицира?
Секој тим на млади луѓе на возраст од 15 до 24 години, со идеја за климатски проект, преку регистрирана партнер-организација (НВО, училиште, младински клуб или институција).
Колку млади треба да има во тимот?
Најмалку двајца млади на возраст од 15 до 24 години. Тимот може да биде и поголем.
Дали мора да имаме готова идеја?
Не мора да биде целосно разработена. На работилниците на 10 и 21 септември ќе имаш поддршка да ја дообликуваш идејата и да ја претвориш во апликација — пријави се тука.
Кој ја поднесува апликацијата?
Партнер-организацијата го поднесува формуларот и го прима грантот, но идејата, водството и одлуките остануваат кај младинскиот тим.
Колку апликации по организација?
Една партнер-организација може да поднесе до 3 апликации, секоја со различен младински тим и проектна идеја.
Дали ни треба ментор?
Не е задолжително, но менторска поддршка е достапна преку работилниците, а буџетот дозволува дел од средствата да се искористат за обуки и менторство.
Колкав е грантот?
Од $1.000 до $5.000 по проект, во зависност од обемот и потребите на иницијативата.
Колку проекти се избрани?
Избрани се 13 проекти: 11 се финансираат од фондот од $41.500 за регионот, а за 2 проекта* Општината обезбедува дополнителна поддршка од Буџетот за 2027 година – Програма за млади.
Што може да се финансира?
Материјали и алатки, настани, простор и печатење, локален превоз на тимот, промоција (фото/видео), обуки и менторство, како и опрема до 50% од буџетот.
Што не може да се финансира?
Хонорари за говорници, исплати на поединци, политички активности и трошоци надвор од проектот.
До кога беше отворен повикот?
Повикот беше отворен од 3 септември до 15 октомври 2026, до 18:00 и сега е затворен.
Каде се поднесуваше апликацијата?
Формуларот се испраќаше по е-пошта на ler@svetinikole.gov.mk, во периодот на повикот. За прашања, пишете на истата адреса.

Имаш прашање? Пиши ни.

На прашања за проектите и за повикот одговараме на е-пошта.

Повикот е затворен
15 октомври
2026
Избраните проекти се претставени погоре
Прашања и контакт ler@svetinikole.gov.mk Контактирај нè за какви било прашања
Општина Свети Николе зграда на Општина Свети Николе, канцеларија бр. 11 – приземје Прашања за локалните климатски приоритети
СмартАП - Лабораторија за социјални иновации Скопје info@innovationlab.mk Локален партнер на програмата
Пријава за работилници
10 септември, 12:00 ч. Инфо-сесија — за самиот повик, услови и критериуми · Општинска сала
21 септември, 12:00 ч. Работилница 1 — генерирање и разработка на идеи · Општинска сала
5 октомври Работилница 2 — разработка на целосна апликација